Во Србија во тек е акција на полицијата за апсење луѓе кои уништија трактори

10.04.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Во Србија во тек е акција на полицијата за апсење луѓе кои уништија трактори

Српската полиција презеде денеска акции со цел апсење лица кои учествувале во уништувањето трактори поставени околу Пионирски парк во Белград на 15 март, јави дописникот на МИА од Белград.

Акцијата се спроведува по наредба на Вишото јавно обвинителство.

Лицата кои ќе бидат уапсени се осомничени за кривично дело насилничко однесување на јавен собир, јави РТС.Засега нема информации колку луѓе од претпладнево се приведени. 

Речиси сите трактори што беа паркирани неколку денови пред митингот на 15 март на кој повикаа студентите во блокада беа оштетени или уништени. 

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата