Видео: Реката Сава прави проблеми во Босна и Херцеговина

29.03.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Видео: Реката Сава прави проблеми во Босна и Херцеговина

Во Босна и Херцеговина најтешка е ситуацијата на север и северозапад од Република Српска.

Во Градишка повеќе од 70 домаќинства се поплавени поради покачувањето на водостојот на реката Сава, а оштетени се три моста. Тешка е ситуацијата и во Приједор каде е прогласена вонредна состојба од поплави.

Во текот на изминатата ноќ поплавени се околу 350 објекти, станбени и помошни, соопштија од Градската управа на Приједор. Пожарникарите извршиле 12 евакуации, а две семејства привремено се сместени во хотел.

Водостојот на реките Сана и Гомјеница во текот на ноќта порасна и реките се излеаа во населените места Гомјеница и Тукови, каде што беше поплавено пошироко подрачје. 

Состојбата е особено критична во Гомјеница.

На фотографии и видеа од социјалните мрежи се гледаат само куќи меѓу кои нема ни педа земја.

Водата практично поплави сè, така што предметите изгледаат како мали островчиња во морето. Под вода е и црквата Света Петка во Гомјеница.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата