Ужас на Халкидики: Србинка се удави во морето, наредена е обдукција

5.06.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Ужас на Халкидики: Србинка се удави во морето, наредена е обдукција

Сето тоа се случило во градот Сивири на Халкидики, популарно одморалиште за српските туристи, објави Телеграф.

Србинката била извлечена од морето во среда напладне.

Веднаш била известена Пристанишната управа на Неа Мудања, а 73-годишната жена била пренесена со амбулантно возило на ЕКАБ во Здравствениот центар Касандра, каде што била прогласена за мртва.

Вториот оддел на Пристанишната управа на Неа Мудања, Централна пристанишна управа на Солун, која спроведува прелиминарна истрага, наредила обдукција во Службата за судска медицина во Солун.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата