ОДМОР ПОД ХИПОТЕКА: Лежалките во Хрватска ги изнајмуваат за 1.300 евра - „Добредојдовте на Ибица“ (ФОТО)

6. 06. 2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ОДМОР ПОД ХИПОТЕКА: Лежалките во Хрватска ги изнајмуваат за 1.300 евра - „Добредојдовте на Ибица“ (ФОТО)

Порано, одморите на Јадранското Море се планираа со насмевка и без претерано пресметување, денес тие предизвикуваат стрес, па дури и негодување сè почесто.

Цените во хрватските туристички центри растат од година во година, а се чини дека оваа сезона трката за профит започна порано од кога било.

Од кафе кое чини пет евра, лежалки кои се изнајмуваат поскапо од ноќевање во соба, до порции риба кои достигнуваат цени како и во луксузните ресторани во европските метрополи - сето ова веќе ги загрижува и домашните и странските гости.

Социјалните мрежи и форуми се полни со коментари за „одмор под хипотека“, а многумина се прашуваат каде е границата. Додека некои сè уште се обидуваат да најдат прифатливи аранжмани, други веќе најавуваат дека би сакале да одат во Грција, Турција или Црна Гора.

Едно е сигурно - сезоната сè уште не е ни започната како што треба, а за цените се зборува како да сме веќе во средината на август. Ова го потврдува и најновата објава на Reddit, каде еден корисник објави фотографија од ценовник од кафуле на плажа во Сплит.

„Поскапо од Ибица“

„Можеби ценовникот е поставен на 100 метри од барот на плажа, но барот е во сенка (Жњан, Сплит)“, напиша тој во објавата со фотографијата, а потоа додаде:

„Добредојдовте на Ибица“, алудирајќи на високите цени.

Како што може да се види на фотографијата, цената за изнајмување лежалки се движи од 35 до 1.300 евра.

Во коментарите, еден Хрват се јави и рече:

„Додека има овци, ќе има и стрижење“.

Друг корисник ги спореди цените во популарно одморалиште во Шпанија, Ибица и Сплит. Според податоците од веб-страницата Numbeo, Сплит е поскап, барем кога станува збор за туристичките објекти. Авторот на објавата одговори на тоа:

„О, ужас! Сè уште се смеам, кога е уште поскапо од Ибица“.

Иако летната сезона официјално сè уште не е започната, дискусиите за цените покрај море се веќе секојдневна тема - во кафулињата, во медиумите и на социјалните мрежи. Многумина се прашуваат каков туристички бран нè очекува кога, веќе во предсезоната, цените на сместувањето, кафето или порциите лигњи достигнаа нивоа што до вчера беа резервирани за најскапите европски дестинации.

Ако судиме според првите впечатоци, летото 2025 година повторно ќе ги тестира паричниците и нервите на локалните гости - а сезоната сè уште не е ни започната како што треба.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата