Со развиорување на државното знаме долго 200 метри и широко 10 метри долж двете централни улици на Белград, вчера започна тридневниот „народен митинг“ наречен „Србија нема да ја дадеме“, на кој српскиот претседател Александар Вучиќ ги покани своите приврзаници по повод основањето на Движењето за народот и државата.
Централната манифестација ќе се одржи денеска од 19 часот, а бината е поставена на платото пред српскиот парламент каде се очекуваат десетици илјади приврзаници на Вучиќ, објави Индекс.
Во текот на денот студентите ги блокираа автобусите со поддржувачите на Вучиќ, кои доаѓаат од Нови Пазар, а полицијата насилно ги отстрани.