Страшен пожар во предградие на Атина се заканува да се прошири, граѓаните добиле пораки (ВИДЕО)

20.03.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Страшен пожар во предградие на Атина се заканува да се прошири, граѓаните добиле пораки (ВИДЕО)

Според првичните информации, во пожарот гореле дрвени палети и ѓубре. На местото на настанот се ангажирани 30 пожарникари со 11 возила, како и пожарникари волонтери и цистерни на локалната самоуправа.

Околу 15.00 часот од 112 е испратена порака до оние во околината поради чад.

„Чад се движи кон вашата област. Останете внатре, затворете ги вратите и прозорците“, се вели во предупредувачката порака.

Поради пожарот сообраќајот се пренасочува од авенијата Ирини.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата