Стапува во сила новата такса за крузери во Грција

21.07.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Стапува во сила новата такса за крузери во Грција

По 20 евра на Миконос и Санторини и пет евра на останатите грчки пристаништа, од денеска ќе плаќаат туристите, кои со крузери ќе пристигнуваат во Грција, јави дописничката на МИА од Атина.

Денеска стапува во сила новата такса за крузерите изгласана минатата година, а со која се предвидува дека секој патник, кој е на крстарење и ќе стигне на некое од грчките пристаништа ќе треба да плати специјална такса.

За периодот од 1 јуни до 30 септември, таксата е највисока на островите Миконос и Санторини, односно 20 евра по патник, а на останатите пристаништа во земјата пет евра.

Таксата е пониска за октомври и од почетокот на април до крајот на мај и изнесува 12, односно три евра, додека пак од ноември до крајот на мај предвидени се четири евра за Миконос и Санторини и по едно евро за останатите грчки пристаништа. 

Процените се дека оваа такса годишно на Грција ќе ѝ донесе околу 50 милиони евра, приходи што ќе биде распределен за општините, како и во буџетите на Министерствата за поморство и за туризам со цел подобрување на туристичката инфраструктура.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата