Блокада во Собранието на Косово – денеска 50-ти обид за конституирање

21.07.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Блокада во Собранието на Косово – денеска 50-ти обид за конституирање

Парламентот веќе три месеци е во блокада, бидејќи опозицијата одбива да гласа за кандидатката на Самоопределување за претседателка на Собранието, Аљбуљена Хаџиу, која не успева да обезбеди доволна поддршка во јавните гласања.

Самоопределување уште од почетокот на мај бара гласањето да биде тајно, што опозицијата исто така го одбива, тврдејќи дека тајно гласање не е дозволено при конститутивна седница.

Кабинетот на косовската претседателка најави можност таа да се обрати до Уставниот суд поради блокадата, бидејќи и претходната одлука на судот од крајот на мај се толкува различно од страна на партиите.

Не е познато дали разговорите меѓу лидерот на Самоопределување Албин Курти и лидерот на Нисма, Фатмир Љимај, донеле некаков напредок, бидејќи викендов немаше официјални информации од нивниот состанок. Партијата на Љимај би можела да помогне Хаџиу да добие 61 глас „за“, но пречка е тоа што и самиот Љимај сака да биде претседател на парламентот. 

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата