Стапи во сила Законот за признавање на пензиите помеѓу Албанија и Италија

1.06.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Стапи во сила Законот за признавање на пензиите помеѓу Албанија и Италија

Договорот предвидува обединување на периодите на придонеси, овозможувајќи да не се изгуби ниту една година стаж. Овој договор им дава можност на албанските емигранти пензионери да можат да се лекуваат и во Италија и во Албанија.

-За да се добие пензија во Италија, потребни се минимум 20 години работен стаж, додека во Албанија минимум 15 години. Со овој договор ќе се пресметува вкупниот стаж. Корисници во првата година од имплементацијата се очекува да бидат 1.387 албански граѓани, а ова ќе го чини италијанскиот буџет 12 милиони евра.

Албанија е позната како земја со многу висока емиграција во многу земји во светот. Според официјалните податоци, вкупниот број на албански емигранти надминува 1,6 милиони. Поголемиот дел од нив живеат во Италија, по што следат Грција и САД.

Досега Албанија има потпишано 12 договори за меѓусебно признавање на пензиите а најважни се оние со земјите од Европска Унија. Но, иако бројот на албанските емигранти е голем, со Грција сè уште нема договор за пензиите. /МИА

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата