Силен земјотрес го погоди Крит, луѓето бегаат во паника (ВИДЕО)

3.06.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Силен земјотрес го погоди Крит, луѓето бегаат во паника (ВИДЕО)

Земјотресот се случил 85 километри југоисточно од Ираклион. Жителите велат дека земјотресот бил исклучително силен. Тие, исто така, забележале дека пред ударот се слушнал чуден звук, а потоа сè почнало да се ниша. Според извештаите, траел повеќе од 10 секунди.

„Многу сме исплашени. Ова не запира“, напишале жителите на Ираклион.

„Ѕидовите се тресеа, како и креветот во кој лежев. Беше пеколно“, рекол друг жител.

Според достапните податоци, епицентарот на земјотресот се наоѓал во област со географски координати на географска ширина 34,674 и географска должина 25,785.

Хипоцентарот на земјотресот, според податоците од Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, се наоѓа на длабочина од приближно 10 километри под површината на земјата.

Засега нема извештаи за материјална штета или повредени, а надлежните служби ја следат ситуацијата.

За потсетување, многу силен земјотрес утрово ги погоди Турција и Грција. Земјотрес со јачина од 6,2 степени според Рихтеровата скала е регистриран рано утрово во близина на Мармарис во Турција и во близина на грчкиот остров Родос. Епицентарот на земјотресот, кој се случи рано утрово околу 1:20 часот, бил крајбрежјето на Турција, помеѓу Мармарис и градот Теологос на Родос.

Турските медиуми рано утрово објавија дека едно девојче (14) загинало во несреќа во земјотресот, за кој тврдат дека имал јачина од 5,8 степени според Рихтеровата скала, додека вкупно 69 лица се повредени.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата