Српски автобус се преврте во Унгарија, меѓу повредените има и деца (ФОТО)

30.04.2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Српски автобус се преврте во Унгарија, меѓу повредените има и деца (ФОТО)

Сообраќајната несреќа се случила утрово околу 5 часот кога автобусот од засега непознати причини преминал на спротивната лента, а потоа се превртел.

Од 55 патници во автобусот, дури 15 се повредени, меѓу кои и две деца.

Брзата помош веднаш превезла 12 повредени во болница, додека на лице место им била укажана помош на тројца, пренесува roviden.hu.

Н.Ќ. , сопственикот на компанијата чиј автобус со патници од Србија во излетал од патот во Унгарија потврдил дека дошло до несреќа. Според него, во автобусот имало 55 патници и сите се српски државјани од Белград и Нови Сад.

Тешка сообраќајна несреќа се случила на автопатот 53 во Унгарија кога при превртување на автобус биле повредени дури 15 лица.

Како што потврди, патувањето го продолжиле 35 патници, додека во болница се задржани еден возач и една жена.

Некои од патниците се вратиле во Белград.

„Колку што знам, нема сериозни повреди, се работи само за модринки и слични повреди“, потврдил тој.

Да потсетиме, на 2 километри од Кишкунхалас, автобусот тргнал во спротивен правец, најверојатно за да избегне друго возило, а потоа со полна брзина се превртел.

Според унгарските медиуми, меѓу повредените патници има и две деца, кои се пренесени во болница, објави српски Курир.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата