Масовни протести во Бугарија против воведувањето на еврото

6.07.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Масовни протести во Бугарија против воведувањето на еврото

 Се одржаа серија масовни протести во Софија и во уште неколку градови. Во Софија демонстрантите го блокираа сообраќајот на централниот плоштад и маршираа низ центарот на градот од каде побараа оставка од властите. Протестот беше организиран од граѓанската иницијатива „Разбудени“. Граѓаните стравуваат од покачување на цените, но како што велат се плашат од тоа дали институциите ќе спроведат замена на валутата без било какви злоупотреби.

-Се ќе поскапи, цените ќе се кренат, ситуацијата ќе стане многу лоша. Сега мафијашите само ги лажат луѓето.

-Одете веднаш и видете ги цените во моментот како се еднакви на еврото. Цент по цент тоа се многу пари. Сакаме да си го зачуваме нашиот суверенитет. Тоа е пред се, сакаме да бидеме независни. Сакаме ние да работиме со нашата валута, а не таа да работи со нас.

-Еврозоната целосно е потоната во страшни долгови и не гледам како ќе биде подобро откако ќе влеземе во неа .

Дел од бугарските економисти, пак, сметаат дека влезот во еврозоната ќе донесе финансиски придобивки за домаќинствата и бизнисот. Според екс вицепремиерот и министер за транспорт и врски на Бугарија, Николај Василев, Бугарија веќе 15 години доцни со воведувањето на еврото.

-Се променува само на добро. Јас сум од оние луѓе кои секогаш, значи секогаш, отприлика од 2005 година, кога државата го потпиша договорот за приклучување кон ЕУ, оттогаш сум за Бугарија што побрзо да се приклучи и кон еврозоната.

-Какво изненадување, зборуваме за 2026 година. Тоа е едно цело поколение. Односно, за мене ние доцниме со 15 години.

Протести против воведувањето на еврото вчера се одржаа и во Варна, Јамбол, Велико Трново, Плевен, Хасково и Русе, а главен организатор е крајно десничарската партија Преродба 

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата