Обраќајќи се на промоцијата на кандидатите за пратеници во Тирана за парламентарните избори, на 11 мај, Рама рече дека „ова е нешто што го немавме пред извесно време, и покрај фактот што ги завршивме нашите обврски за членство во ЕУ, и покрај фактот што Европската комисија трипати по ред потврди дека Албанија ја заврши својата работа и три пати по ред побара да се отворат преговори со Албанија, но секогаш се наоѓаше некоја земја која велеше не. Ние сакавме, тие не".
-Но, јас, кој сум сведок на многу нешта во овој процес, како никогаш досега за кој сега зборуваме, не го видов тоа што го гледам денес, а ја гледам нивната желба тоа да се случи, Албанија да биде членка на ЕУ, рече тој.
Но, според него, Европа се шири и поради оваа причина има само две земји кои можат брзо да се приклучат, Албанија и Црна Гора.
-За сите оние кои ги следат вестите, ЕУ ќе се прошири бидејќи светот е во друга ситуација, работите се разнишани и потребно е репозиционирање. Како Албанци, наше е да направиме се за да влеземе на вратата за проширување на ЕУ. За прв пат ѕвездите на нашата судбина и на Европа се заедно. Тие сакаат, сакаме и ние. Албанија да биде во ЕУ. Вратата за проширување е отворена и нема да остане отворена засекогаш. Мораме да му дадеме јасна порака. Дека СП што е денеска во владата не мрда од власта. Не треба да има флуктуации. Тоа е историска грешка ако не се разбере. Може да има големо жалење. На 11 мај поминува возот на историјата, не за СП или 71 мандат, туку за затворање на преговорите и влез на Албанија во ЕУ во оваа деценија, порача Рама.