Поранешен помошник на Нетанјаху ќе биде испрашуван од израелската полиција во Србија

21.07.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Поранешен помошник на Нетанјаху ќе биде испрашуван од израелската полиција во Србија

Ајнхорн ќе биде испрашуван во врска со неговото учество во таканаречената афера Катаргејт и случајот со документи што ја потресоа канцеларијата на израелскиот премиер во изминатите неколку месеци, пишува „Тајмс оф Израел“, пренесоа српски медиуми.

Ајнхорн живеел во Белград изминатата година додека работел како советник на српскиот претседател Александар Вучиќ, и не се вратил во Израел откако лани започна истрагата за протекување на разузнавачки информации.

Ајнхорн, заедно со поранешниот помошник на премиерот, Јонатан Урих, и поранешниот портпарол Ели Фелдштајн, е клучен осомничен во случајот со протекување на разузнавачки информации, што вклучува кражба на класифицирани израелски воени документи и протекување на еден од нив до германскиот дневен весник „Билд“.

Сите тројца се осомничени и во тековната истрага за Катаргејт, при што истражителите се обидуваат да го испрашуваат Ајнхорн за неговата ПР работа за Катар преку неговата ПР фирма Перцепција, која ја водеше заедно со Урих.

Според „Тајмс оф Израел“, двајцата предводеле про-Катарска кампања за да ја претстават земјата од Персискиот Залив во позитивно светло пред Светското првенство во фудбал во 2022 година, кое се одржа во Доха, според извештаите на хебрејските медиуми во тоа време, што се совпаѓа со почетокот на временската рамка на истрагата.

Ајнхорн претходно се обидел да преговара за договор со Канцеларијата на државниот обвинител во Израел за да сведочи без апсење, објави јавниот сервис Кан, но разговорите не успеале.

Според  медиуми во Израел, тој потоа побарал да биде испрашуван во Србија, но ова првично било одбиено од обвинителството, кое претпочитало или да почека самиот да се врати во Израел, а потоа да го уапси, или, алтернативно, да покрене постапка за екстрадиција.

Но, по промената на ставот на обвинителот, истражителите ќе го испрашуваат Ајнхорн во Србија. 

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата