Карневал во Каштела кај Сплит: Запалена кукла со ликот на Александар Вучиќ

2.03.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Карневал во Каштела кај Сплит: Запалена кукла со ликот на Александар Вучиќ

Скандалозниот настан е забележан во Каштела кај Сплит, кога на традиционалниот карневал била запалена кукла со ликот на српскиот претседател Александар Вучиќ, објави денеска Далмација.

Во чии текст е наведено дека „традицијата  на овој карневал налагала“ на крајот од секоја карневалска поворка да биде запелено „стеблото“,  најголемиот виновник за сите проблеми во изминатата година.

Хрватскиот портал наведува и дека „при палењето е прочитан тестамент“.

Министерот за надворешни работи на Србија, Марко Ѓуриќ остро го осуди палењето на кукла со ликот на Вучиќ за време на карневалот во Каштела, Хрватска.

„Како министер за надворешни работи на Србија, најостро го осудувам срамниот и провокативен чин на палење кукла со ликот на претседателот Александар Вучиќ за време на карневалот во Каштела. Ваквите постапки се израз на патолошка омраза кон Србија и нејзините граѓани и директно ги нарушуваат меѓуетничките и односите меѓу двете земји“, рече Ѓуриќ, пренесе РТР.

Тој додаде дека Србија очекува хрватските власти веднаш и недвосмислено да го осудат овој чин и да преземат конкретни чекори со цел одговорните да бидат идентификувани и соодветно казнети во согласност со законот.

За скандалозниот чин во Каштела се огласи на митонг во Бор Србија и самиот Александар Вучиќ.

Претседателот на Србија се осврна и на палењето на куклата со неговиот лик во Хрватска и рече дека кога Хрватите го палат неговиот лик со години по ред, тоа значи дека тој прави нешто добро за српскиот народ.

-Многу сум горд на тој факт, многу сум среќен поради тоа, ме палат две години по ред“, изјави Вучиќ.

„Нема подобар знак дека сте направиле нешто добро за вашиот српски народ од тоа да бидете запалени во Хрватска. Ви посакувам истиот успех следната година“, додаде тој.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата