Гомилица е НАЈБОГАТОТО село во Србија! Таму НЕМА КУЌИ, има ПАЛАТИ! (Видео)

27.08.2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Гомилица е НАЈБОГАТОТО село во Србија! Таму НЕМА КУЌИ, има ПАЛАТИ! (Видео)

Одамна сте слушнале за најбогатото село во Србија! Се вика Гомилица, и во него во зима нема никој, само во лето, кога вредните домаќини се враќаат во татковината да се одморат, по макотрпната работа како гастарбајтери во Австрија. За ова село не слушнала само Србија, за него се пишувало и во Австрија, Америка, низ цела Европа, а причина за тоа се вистинските замоци во кои никој не живее.

Гастарбајтерите го потрошиле секој шилинг, секоја марка и евро, сиот труд и мака градејќи ги своите замоци, од кои некои имаат по 30 соби?!

Меѓутоа, овој пат има нешто друго. Станува збор за еден од најголемите дворци на Гомилица, во кој камерата досега не стапнала бидејќи тоа не го дозволил домаќинот и сопственикот на куќата.

Многумина му нуделе да платат за таму да снимаат ТВ-серии и филмови, но тој одбил, па ова е ретка можност да се види како изгледа внатрешноста на куќата за која се зборува со години.

Станува збор за куќа која има базен во дворот, како и повеќето таму, но и фонтана во средината на дневната соба, каква што никој нема!

@bozic.uros Dobrodošli u Gomilicu! Najbogatije romsko selo u Srbiji 💶 😮 #fyp #foryoupage #tiktok #balkan #svadbaodmilionevra #urosbozic #happytv #svadba #narodnamuzika ♬ original sound – bozicuros

Сите куќи се богато украсени, нема што нема од статуи на грчки божици, гипсени коњи, лавови, орли…

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата