Албанското министерство за патишта, отворило истрага за фирмата Ѓока Констракшон, откако било откриено дека фирмата ги добила парите за иградба на патот, но патот не бил целосно завршен.
Министерството открило дека фирмата поднела документација која што содржела лажни информации. Поради тоа на 12 септември било побарано да се направи дополнителна анализа на документите на фирмата Ѓока Констракшон.
Во документите било наведено дека патот е целосно завршен, а ситуацијата на терен била поинаква, незавршени тунели и незавршен пат.
Ѓока Констракшон била избрана за изградба на патот„Руга е Арбрит“ („Патот на Арбр“),. И за таа цел и биле исплатени 225 милиони евра.
Според законот секоја компанија која што ќе поднесе извештај за извршената работа, треба да биде дисквалификувана и оневозможена да учествува во наддавања за јавни тендери