Реакција на ЕУ по разговорите меѓу Вучиќ и Путин

8.03.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Реакција на ЕУ по разговорите меѓу Вучиќ и Путин

Европската унија очекува Србија да се придржува кон правното законодавство на ЕУ, вклучително и нејзината политика кон Русија,, велат од Европската комисија за српскиот сервис на Гласот на Америка како коментар за телефонскиот разговор меѓу претседателот Александар Вучиќ и Владимир Путин.

Србија е земја кандидат и преговара за членство во ЕУ. Ова имплицира дека земјата се усогласува со правото на ЕУ, се наведува во писмената реакција на портпаролот на Европската комисија.

 Рускиот лидер Владимир Путин го осуди „надворешното мешање“ во Србија во телефонски разговор со претседателот Александар Вучиќ во петокот, додека антикорупциските собири ја тресат земјата.

 Вучиќ соопшти дека со Путин разговарале за обновувањето на договорот за гас кој истекува на 31 мај и санкциите на американското министерство за финансии против НИС..

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата