Екс министерот Момировиќ уапсен поради уривањето на настрешницата во Нови Сад

1.08.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Екс министерот Момировиќ уапсен поради уривањето на настрешницата во Нови Сад

  Акцијата е по наредба на обвинителстото за организиран криминал а поврзана со случајот со уривање на настрешницата во Нови Сад на 1 ноември минатата година.

Во мандатот на екс министерот Момировиќ, се одвивала реконструкцијата на железничката станица во Нови Сад.

Според медиумиоте, неговата политичка кариера била обележана со низа гафови, од кои најпозната е веројатно „изјавата за две јајца за 22 динари, или 19 центи, што може да ги држи луѓето сити цел ден“.

Поранешниот министер е наследник на империјата „Мона“, а богатството на неговото семејство, како што е наведено во неговата имотниот лист, изнесува 87,19 милиони евра. Тој и неговото најблиско семејство – неговата сопруга, брат, мајка и татко и нивните компании – поседуваат недвижен имот со вкупна површина од 98.882 квадратни метри.

Фото: Б92

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата