Според владината одлука, државјани на земјите кои ќе влезат во Албанија без визи се оние од Саудиска Арабија, Катар, Оман, Тајланд и Индонезија.
Овие граѓани во Албанија ќе влегуваат со патна исправа, но без виза за туристички цели на ограничен период, од 15 април до 31 декември 2025 година.
За спроведување на оваа одлука надлежни се Министерството за Европа и надворешни работи и Министерството за внатрешни работи, а стапува во сила со објавувањето во „Службен весник“.