Германија забрани пропалестинска група

2. 11. 2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Германија забрани пропалестинска група

„Самидун, како меѓународна мрежа, шири анти-израелска и антиеврејска пропаганда под превезот дека е „солидарна организација“ за затворениците во различни земји“, рече германската министерка за внатрешни работи Ненси Фезер, објави Дојче Веле.

Како резултат на забраната ќе биде одземен целиот имот, а ќе бидат забранети сите онлајн активности на нејзините групи на социјалните мрежи, соопшти МВР. Секој кој продолжува да дејствува за таа организација, прави кривично дело, се вели во него. Германската домашна разузнавачка агенција BfV проценува дека околу 450 луѓе во земјата активно го поддржуваат Хамас, кој изврши брутални масакри во Израел на 7 октомври.

Групите поврзани со Хамас се забранети во Германија со години. Чекорите објавени денеска дополнително ќе ги забранат активностите поврзани со Хамас. Самидун се опишува себеси како „мрежа на солидарност со палестинските затвореници“.

Министерството го обвини Самидун и придружните групи дека работат на поткопување на мирниот соживот на групите во Германија и го опиша како закана за јавниот ред поради неговата поддршка за употреба на насилство.

Активностите на Самидун во Германија веќе предизвикаа бес низ целата земја. Неколку часа откако милитантите на Хамас ги почнаа нападите врз Израел на 7 октомври, некои членови на групата делеле слатки во населба во Берлин за да ги прослават нападите. Министерот Фезер ваквата реакција ја оцени како неприфатлива.

И германскиот полициски синдикат (БДП) ја поздрави денешната забрана.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата