Тело на тинејџерка било пронајдено во шума во Германија, уапсена е 23- годишна девојка

4.07.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Тело на тинејџерка било пронајдено во шума во Германија, уапсена е 23- годишна девојка

Полицијата првично претпоставиле дека нема криминално дело во случајот, но сега е уапсена 23-годишна девојка под сомнение за убиство од небрежност.

Девојката од општината Гиболдехаузен е изведена пред судија во Окружниот суд во Гетинген, објави Шпигел.

На барање на јавното обвинителство, судијата ѝ наредил притвор поради ризик од бегство и попречување на истрагата.

Од истражни причини, обвинителите одбија да дадат дополнителни детали.Тие изјавија дека се откриени нови информации кои првично биле нејасни.

За потсетување, во понеделник планинари го пронашле телото на ученичката во шумата Рајнхаузер и ги повикале полицијата и службите за итни случаи.

Спасувачите можеле само да ја потврдат смртта на тинејџерката.

Полицијата не даде никакви дополнителни информации во врска со смртта на девојчето тој ден.

Телото на девојчето е испратено на обдукција, но резултатите сè уште не се објавени.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата