Vreme.mk - Дознај на Време.

Свет

„Мора се се сфати сериозно, ОВА Е ВИСТИНСКИ ПРОБЛЕМ ЗА ЗАПАДОТ, без разлика на војната“

22 март 2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Поранешниот помошник на американскиот претседател за национална безбедност Џон Болтон во интервју за британскиот весник „Телеграф“ изјави дека руско-кинеската алијанса им создава реален проблем на западните земји кој е посериозен од конфликтот во Украина.

– И Кина и Русија велат дека тоа е сојуз без граници и мислам дека сериозно го мислат тоа. Ова е вистински проблем за Западот, без разлика на тоа што се случува во Украина. Мислам дека се формира оска Русија-Кина, кон која се приклучуваат Иран и Северна Кореја. Погледнете ја картата, погледнете ја географијата. Мораме да го сфатиме сериозно – изјави Болтон.

Како што додаде тој, Западот треба да почне да го ревидира сегашниот концепт на задржување бидејќи „Кина станува закана и во нуклеарната сфера и во конвенционалната сфера“.

Болтон смета дека „Кина генерално претставува егзистенцијална закана“ за Западот и дека тоа бара сериозен пристап кон безбедносните прашања. Според него, НАТО треба да вложи повеќе напори за конфронтација со Русија.

Русија и Кина

Болтон тврди и дека Кина ја поддржувала Русија од самиот почеток на специјалната воена операција во Украина, без да се обидува да остане неутрална. Тој смета дека Пекинг има многу начини да и обезбеди воена помош на Москва без директно да и испорачува оружје на Русија. Болтон вели дека Кина би можела да продаде оружје на Белорусија или Северна Кореја, кое на крајот би можело да заврши во Русија. Тој напомена и дека постои можност Кина да и испорача на Русија компоненти за производство на оружје и да и обезбеди финансиска помош.

ОН

Оценувајќи ја улогата на ОН во решавањето на конфликтот во Украина, Болтон рече дека „институциите на ОН кои носат политички одлуки во основа не функционираат, а тоа особено важи за Советот за безбедност на ОН“.

Според неговото мислење, во Советот за безбедност на ОН е во ќор-сокак како за време на Студената војна кога тоа тело не играше голема улога.

– Мислењето дека ОН, како и Лигата на народите пред нив, се одговор на заканите по мирот и безбедноста, очигледно не е потврдена – заклучи Болтон.

Кинескиот претседател Си Џинпинг од 20 до 22 март беше во работна посета на Русија. Тоа е негово прво патување во странство откако по трет пат беше избран за лидер на Кина. По пристигнувањето во Москва, Кси рече дека Пекинг и Москва се сигурни партнери и дека Кина е подготвена решително да ги заштити меѓународните интереси со Русија.

 

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ