Кога ќе се спомнат пајаци, повеќето луѓе се фаќаат за глава, а многумина имаат опсесивен страв од овие инсекти. Сепак, без разлика колку се плашите од нив, или колку ви се одбивни, златно правило е дека овие инсекти не треба да ги убивате кога ќе ги видите во вашиот дом.
Инаку, повеќето пајаци кои може да се најдат по домовите не се опасни за луѓето. Некои од нив се дури и многу корисни бидејќи се хранат со штеточинци, како на пример, лебарки, молци и инсекти кои пренесуваат болести, како комарците.
На пример, во Африка постои вид на пајак познат како пајак скокач, кој се храни исклучиво со комарци полни со крв. Ова е само еден пример за тоа како пајаците можат да придонесат за заштита на нашето здравје.
Истражувањето објавено во списанието „Наука за природата“ („The Science of Naturе“) покажа дека сите пајаци во светот јадат помеѓу 400 и 800 тони инсекти и други мали животинки годишно.
Ова јасно покажува каква улога имаат пајаците во одржувањето на рамнотежа во природата.
Пајаковите мрежи традиционално се користеле во народната медицина за заздравување на раните и намалување на крварењето.
Современата медицина откри дека пајаковите мрежи се богати со антисептик вебицилин и витамин К, кој игра клучна улога во згрутчувањето на крвта.
Решение за стравот од пајаци
Иако стравот од пајаците е сосема природен, наместо да ги убивате, се препорачува да ги фатите со некаков сад и да ги пуштите надвор во природата. На овој начин можете да ја зачувате благотворната улога на пајаците во екосистемот, а истовремено да го намалите стравот од нив, пренесува „Family Handyman“.