Нејзините усни, за кои тврди дека се „најголеми на светот“, станаа заштитен знак на Андреа, но и причина зошто сега страда и пати од неподнослива болка.
Уште повеќе, што лекарите сега одбиваат дури и да ја лекуваат. Нејзиниот случај поставува важно прашање: каде е границата меѓу слободата на избор и медицинскиот ризик?
Андреа има 28 години и вели дека секој месец прави нови инјекции со филери за да ги одржи усните „свежи“. Како што тврди, досега потрошила повеќе од 20.000 евра за својот изглед. Сепак, и покрај предупредувањата од лекарите дека постојаните инјекции можат сериозно да го загрозат нејзиното здравје - таа не престанала.
Неодамна, додека јадела чоколадо со лешници, скршила заб - што, како што вели, ѝ предизвикало „неподнослива болка“. Сепак, двајца стоматолози во Софија одбиле да ѝ помогнат - токму поради големината на нејзините усни.
- Ми рекоа дека не можат да работат на мене бидејќи моите усни им пречат во работата. Се чувствував понижена и отфрлена - рече Андреа.
Таа признава дека нејзиното семејство не го одобрува нејзиниот изглед.