До декември минатата година Кастро работела во банка во Бело Хоризонте. Но, по еден лет со ГОЛ ерлајнс на 4 декември 2024 година, нејзиниот живот бил превртен наопаку. Имено, додека се качувала на домашен лет во Бразил, Кастро нашла дете како седи на нејзиното резервирано прозорско седиште. Мајката на детето објаснила дека малечкото сакало да погледне низ прозорецот, но Џенифер мирно побарала да се премести, бидејќи платила за тоа точно седиште.
@ondavirall2.0 Uma criança fez um escândalo em um avião porque queria sentar na janela, essa passageira se recusou a ceder o assento para a criança. A mãe da criança, não gostou e começou a filmar a passageira, como se ela fosse a culpada da situação.
♬ som original - Onda Viral
Ситуацијата ја снимил друг патник, а снимката набрзо станала вирална. Социјалните мрежи беа преполни со коментари, а корисниците беа поделени во два табора - некои ги бранеа мајката и детето, додека други застанаа на страната на Џенифер.
„Од тој момент, мојот живот се промени на начини на кои никогаш не можев да замислам“, изјави Џенифер Кастро за Дејли Меил.
Таа додава дека редовниот лет станал извор на огромен срам и негативни последици за нејзиниот личен и професионален живот. „Луѓето кои не ја знаеја целата приказна ми судеа, ме напаѓаа и ширеа секакви шпекулации.“
Кастро објасни дека лицето кое ја снимило не е мајката на детето, туку трето лице кое нема никаква врска со нивното недоразбирање. "Почекав детето да седне на друго место, по што се сместив на моето седиште. За време на летот детето плачеше многу, што беше непријатно, но сосема разбирливо. Она што ме шокираше беше лицето кое ме снимаше без дозвола, ме навредуваше и се обиде јавно да ме посрамоти само затоа што не сакав да го сменам седиштето", вели Кастро.
Иако многумина ѝ изразија поддршка на Џенифер на социјалните мрежи, негативните коментари оставија трага. "Бев шокирана. Не можев да верувам дека нешто толку банално може да има такви последици. Толку многу се промени што веќе не ја ни работам истата работа - повеќе не сум банкарка", признава таа.
Во моментите на најголемо медиумско внимание, таа речиси не излегувала од дома. Но, оваа непријатна ситуација на крајот ѝ отвори нови врати.
Џенифер Кастро денес има 2,1 милиони следбеници на Инстаграм, а со својот новостекнат инфлуенсерски статус склучила низа соработки со познати брендови. „Сега работам работа што ми носи нови можности“, вели таа.
Дополнително, таа најави тужба против ГОЛ ерлајнс за која тврди дека не реагирала адекватно во тој момент, како и против патникот кој ја снимал без нејзина согласност. „Во еден момент се чувствував како да губам сè, но сега гледам дека ова можеби е нов почеток“, заклучува Кастро.