Жена среде ноќ се разбудила и во кујната видела огромен ѕвер, едвај останала жива (ВИДЕО)

10.04.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Жена среде ноќ се разбудила и во кујната видела огромен ѕвер, едвај останала жива (ВИДЕО)

Сè започнало кога една жена среде ноќ ја разбудила необична врева во кујната, па го предупредила семејството да провери што се случува.

Со светилки го избркале „натрапникот“.

Загрижените луѓе влегле во кујната, а потоа низ дупка на покривот виделе огромен лав кој им влетал во домот!

Семејството истрчало надвор во шок и ги предупредило соседите, пренесува Indian Express.

На објавеното видео се гледа како луѓето светат со батериски ламби кон дивиот ѕвер, обидувајќи се да го исплашат.

Прескокнал ѕид од 3,5 метри

Лавот претходно прескокнал ѕид висок 3,5 метри, додека домаќините спиеле, влегол во дворот и нашол отвор на покривот.

По неколку напнати моменти, животното избегало и сите можеле да здивнат.

Властите подоцна соопштија дека пет лава биле видени во областа. Еден од нив очигледно решил да провери дали има нешто интересно во кујната на несреќното семејство.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата