Таа им кажала на локалните медиуми дека се случило околу 21 часот во средата. Седела во џакузи, погледнала кон небото и видела мистериозен објект.
Снимката станала вирална
„Веднаш го зедов телефонот и почнав да снимам. Изгледаше како да гори или нешто слично, и дека паѓа многу брзо. Немам поим што би можело да биде“, рекла таа.
Откако снимката станала вирална, Федералната администрација за авијација (FAA) изјавила дека нема остатоци или докази во областа. Службениците одбиле да коментираат за видеото.
Меккормак признала дека била вознемирена додека ја гледала сцената.
„Беше многу тивко“
„Срцето ми чукаше забрзано. Помислив: „О, Боже, што ќе се случи сега?““, објаснила таа.
Додала дека очекувала да чуе бучава кога објектот ќе ја погоди земјата, но тоа не се случило, објави UPI.com.
„Беше многу тивко. Навистина немаше никаков звук. Тоа ме збуни уште повеќе. Кога нешто ќе прелета, обично го слушате“, рече таа.
Видеото сè уште циркулира на социјалните мрежи, додека јавноста шпекулира за тоа што навистина видела жената таа вечер.