Жена од Калифорнија доби отштета од 17 милиони долари за брутално приведување

30.09.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Жена од Калифорнија доби отштета од 17 милиони долари за брутално приведување

Таа поднесе федерална тужба обвинувајќи ги заменик-шерифите од округот Солано, Северна Каролина за кршење на државните и федералните закони за граѓански права преку „незаконско притворање, напад и употреба на прекумерна сила“.

Портер, нејзиниот татко и нејзините три мали деца, возеле кон дома ноќта на 6 август 2020 година, кога застанале на патот таа била малтретирана од полицијата. И покрај нејзиното објаснување дека застанале на пат за да се сменат зад воланот, полицијата вперила оружје во неа, била турната на тротоар, а потоа нејзе и на татко и ѝ биле ставени лисици. Портер била во притвор една ноќ, но против неа не било подигнато обвинение.

Тоа што и се случи на госпоѓа Портер и нејзиното семејство не треба да се случува во нашето општество, изјави адвокатот на Афроамериканката Портер по постигнувањето на договор со локалните власти за отштета. 

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата