Пропагандните пораки се запрени откако новата јужнокорејска Влада вчера ги стопираше сопствените пропагандни пораки и Кеј-поп (јужнокорејска поп-музика), што се емитуваа 24 часа дневно долж границата.
Новиот претседател на Јужна Кореја, Ли Џе-мјунг нареди прекин на емитувањето за да се намалат тензиите, да се избегне понатамошна воена конфронтација и да се поттикне меѓусебната доверба.
Северна Кореја во последно време не презема нови провокации, а граѓаните од пограничните области со години се жалат на бучава од двете страни на границата.
Северна и Јужна Кореја технички сè уште се во војна, бидејќи борбите од Корејската војна од 1950 до 1953 година никогаш не завршија со мировен договор, туку само со примирје.