Поради високите планини што го опкружуваат градот, неговите малку повеќе од 3.300 жители скоро и да немаат директна сончева светлина шест месеци во годината.
Појадуваат, ручаат и вечераат во темница. Под закрила на темнината, тие одат на училиште и работат, одат во продавници и спортуваат.
Шест месеци во годината живеат во полутемнина. Затоа локалните власти инвестираа пет милиони норвешки круни во 2013 година за да постават соларни огледала на планините кои рефлектираат мал дел од сончевата светлина на главниот градски плоштад дури и во најтемните месеци од годината, пренесува Б92.
И додека некои се жалат дека премногу буџетски пари биле потрошени за мал зрак сончева светлина во мрачен град, други заклучуваат дека огледалата дополнително го популаризирале Рјукан меѓу туристите.
Долги години, градот е интересна локација за посета поради водопадот Рјукан висок 104 метри кој се наоѓа во близина, но и поради огледалата поставени на околната планина. Сега туристите имаат уште една причина повеќе за да го посетат овој град.