Видео: Маск -Ќе дадам МИЛИОН долари за мурали со ликот на убиена Украинка!

12.09.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Видео: Маск -Ќе дадам МИЛИОН долари за мурали со ликот на убиена Украинка!

 - Нудам 500.000 долари грантови од по 10.000 долари за сликање мурали на Ирина Заруцка на истакнати локации во американските градови - напиша Мекејб на мрежата X.

Тој ги покани сите заинтересирани да се вклучат во иницијативата или да донираат, велејќи им да се обратат на неговиот шеф на кабинет, Кејти Бренске Толстед.

Неговата објава го привлече вниманието и на Илон Маск, вториот најбогат човек во светот, кој понуди дополнителен милион долари за муралите. Маск претходно коментираше за случајот, особено критикувајќи го медиумското известување и реакциите на јавноста.

Еден од учесниците во иницијативата изјави за „Фокс њуз“ дека во моментов преговараат со повеќе од 1.000 уметници низ САД, додека потрагата по соодветни локации продолжува. Ирина Заруцка (23) беше убиена минатиот месец во неиспровоциран напад во воз. Нејзината смрт предизвика широка дебата за американскиот правосуден систем и урбаниот криминал.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата