Ултрамаратонците тргнаа пеш од Велес до Лопушник, местото на погибјето на Рацин

10.06.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Ултрамаратонците тргнаа пеш од Велес до Лопушник, местото на погибјето на Рацин

Петтмината ултрамаратонци од Велес,Трајче Михов, Зоран Димов и Верољуб Додевски заедно со Љубиша Андреиќ од Куманово и Томислав Спасовски од Скопје рано утрово од пред споменикот на Рацин кај Гимназијата „Кочо Рацин“ испратени од претставници на Општина Велес и градоначалникот Марко Колев  тргнаа на 4. дневен пат, пеш до планината Лопушник, кичевски.Таму на 13 јуни на спомен обележјето на местото на погибјето на Рацин на 13 јуни 1943 година, тие  ќе се поклонат и ќе положат венец  свежо цвеќе во чест на поетот и револуционер Коста Солев Рацин.

Овој ултрамаратон е веќе традиционелен и се одржува секоја година во рамките на програмата на Рациновите средби што ги организира Општина Велес.

Вечер во 19 часот на програмата на 62 Рацинови средби во  „Сокачето на поезијата“ пред Спомен куќата на Рацин во стариот дел на Велес ќе се одржи традиционално поетски читање на велешките поети. Воедно проф. д-р Васил Тоциновски ќе го промовира најновиот број на списанието  „Велес“ , а потоа ќе се одржи и музички перформанс во Спомен куќата на Рацин. 

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата