Тунелите во Лондон се нова туристичка атракција- таму бил „роден“ Џејмс Бонд (ВИДЕО)

30.05.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Тунелите во Лондон се нова туристичка атракција- таму бил „роден“ Џејмс Бонд (ВИДЕО)

Музејот ќе има шпионска опрема и интерактивни дисплеи, а посетителите ќе можат да уживаат во подземен бар, објави Индипендент.

Тунелскиот лавиринт

Писателот Иан Флеминг бил редовен посетител на овој комплекс тунели, каде што работел за разузнавачката агенција на Винстон Черчил 30 метри под земја.

Тунелскиот лавиринт од 8.000 квадратни метри во близина на метро станицата Ченсери Лејн бил инспирација за романите на Флеминг за 007.

Музејот, кој ќе ја претстави историјата на британската разузнавачка служба, треба да се отвори во 2028 година.

Метро станицата

На изложбата ќе биде претставена оригинална опрема, предмети, оружје и документи, а новата туристичка атракција ќе чини 220 милиони фунти за изградба.

Тунелите се изградени во 1940-тите како воено засолниште. Подоцна биле претворени во централа што служела како систем за внатрешна комуникација за време на Студената војна во 1950-тите.

Просторот го презеде „Бритиш Телеком“ во 1980 година, а компанијата отвори и бар, кој го користеа владини службеници. Се очекува атракцијата да привлекува три милиони посетители годишно.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата