Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп поднесе тужба против сојузната држава Калифорнија, тврдејќи дека нејзините строги регулативи за производство на јајца придонеле за драматично зголемување на цените на јајцата низ целата земја.
Во тужбата се наведува дека Калифорнија го прекршува сојузниот Закон за инспекција на јајца од 1970 година, кој бара национално единство во стандардите за безбедност на јајца. Според Министерството за правда, само федералната влада има право да регулира квалитет, инспекција и пакување на јајца.
„Калифорнија забранува користење на стандардни земјоделски методи кои овозможуваат пониски трошоци за производителите“, се наведува во соопштението на Министерството.
Државата Калифорнија има неколку закони кои бараат кокошките да се чуваат во услови што им овозможуваат да легнат, станат, да ги рашират крилјата и слободно да се движат. Овие иницијативи беа усвоени со референдуми во 2008 и 2018 година.
Министерството за правда тврди дека овие правила не само што се прекумерни, туку и негативно влијаат на достапноста и цената на основни прехранбени производи за американските потрошувачи.