Трамп ги награди ревносните неистомисленици и критичари од „КИС“, тие се „длабоко почестени“

15.08.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Трамп ги награди ревносните неистомисленици и критичари од „КИС“, тие се „длабоко почестени“

На рокерите од американскиот бенд „КИС“, се чини, не им пречеше тоа што нивниот политички неистомисленик и соперник - претседателот на САД, Доналд Трамп официјсално објави дека составот е меѓу овогодишните добитници на Наградата „Кенеди центар“.

Трамп рече дека бил длабоко вклучен во процесот на селекција оваа година - вклучувајќи ја и неговата намера да стане првиот претседател на САД што ќе биде домаќин на емисијата. А, изборот на „КИС“ е интересен со оглед на добро познатото политичко „непријателство“ меѓу рок-составот и Трамп. Имено, рокерите во една прилика рекоа оти „Трамп е вистинска опасност за демократијата“, пренесува „Јаху ентертејнмент“.

- Чест ми е да му оддадам признание на еден од најголемите рок-бендови на сите времиња - „КИС“. Значи, „КИС“ е основан во Њујорк, 1973., а неговите членови-основачи се неверојатни луѓе. Тоа се: Пол Стенли, Џин Симонс, Ејс Фрејли и Питер Крис. „КИС“ стана светски феномен, со над 100 милиони музички записи продадени ширум цел свет, продуцирани 30 „златни“ албуми и многу други работи. Тие создадоа богатство. Тоа се одлични луѓе, кои работат напорно, и продолжуваат да работат напорно, и го заслужуваат ова признание. А, мене ми е чест да го претставам „КИС“, рече Трамп на сцената.

„'КИСС' е олицетворение на американскиот сон“, соопшти басистот-пејач Џин Симонс во име на цела група, за „Билборд“. - „Длабока чест ни е да го добиеме одличјето 'Кенеди Центар',“ се додава во изјавата.

На списокот наградени, инаку, се најдоа и кантри-пејачот Џорџ Стрејт, британскиот глумец Мајкл Крофорд, диско-пејачката Глорија Гејнор и глумецот од „Роки“ / „Рамбо“, Силвестер Сталоне. „Кенеди центар“ признанијата се доделуваат во главниот град на САД - Вашингтон, за особен придонес за американската култура. Меѓу поранешните добитници на овие одличија се и Арета Френклин, Боно, Мерил Стрип, Рита Морено, Том Хенкс, Пол Мекартни, Роберт де Ниро и Ел-Ел Кул Џej.  

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата