Дали живеете во стан, сакате домашно милениче, но не знаете како да го изберете вистинското. Еве на што треба да обрнете внимание, како и кои раси се најдобри за во стан.
Ако живеете во стан и сакате да имате куче како домашно милениче, треба да имате предвид неколку работи и внимателно да ја изберете расата.
Кога избирате куче за во стан, мора да ја земете предвид големината. Помалите раси на кучиња се подобар избор бидејќи не им треба голем простор.
Исто така е важно да не лаат премногу и да не лаат гласно, бидејќи тоа може да предизвика проблеми со соседите.
Исто така, не треба да го занемарите митарењето на расата што размислувате да ја вдомите или купите, а не е на одмет за чување куче во стан да одберете раса која не бара долги прошетки и многу трчање.
Француски булдог
Француските булдози се мали и тивки кучиња, што ги прави идеална раса за стан. Тие се пријателски расположени и многу прилагодливи, и покрај нивната тивка природа, можат да лаат на ненадејни звуци. Тие го сакаат вниманието и друштвото на своите сопственици, што ги прави совршени за оние што поминуваат многу време дома.
Јоркширски териер
Тие се мали и не се митарат премногу, но им е потребно дневно четкање и редовно капење за да се избегне заплеткување на крзното.
Многу се друштвени, љубопитни и енергични и им се потребни редовни долги прошетки.
Иако се идеални за стан поради нивната големина, ако имате деца, можеби не се најдобриот избор, бидејќи можат да бидат нетолерантни и нетрпеливи со мали деца.
Чивава
Една од најмалите раси на кучиња, многу се живи и лојални. Чивавите сакаат да бидат во центарот на вниманието и лесно и силно се поврзуваат со своите сопственици.
Ова може да биде проблем само ако сакате повеќе домашни миленици, бидејќи тие можат да станат љубоморни и да влезат во судир.
Ши цу
Елегантна раса со долги влакна чие име буквално значи „мал лав“. Тие се идеална раса за во стан. Не им треба многу простор, па трчањето по играчка во станот е обично сосема доволно за да ги одржи во добра форма.
Добрата работа кај оваа раса е што не се митари многу и нема јак мирис.
Малтезер
Малтезерот припаѓа на мирна раса кучиња која не бара многу физичка активност.
Тие не се митарат, што ги прави уште една супер раса за во стан. Тие се многу прилагодливи, но не сакаат да поминуваат време сами, па затоа можат да направат проблем ако остануваат сами дома подолго време.
Бостонски териер
Големината на ова куче и неговата пријателска природа го прават еден од најдобрите видови кучиња за живот во стан. Тие се многу тивки и доволни им се кратки прошетки и игра во станот за да ги задоволат своите физички потреби.
Мопс
Мопсот е идеален за чување во стан поради својата големина, но и поради својата весела и дружељубива природа.
Не им треба многу простор и се многу прилагодливи. Тие не се пребирливи и лесно се навикнуваат на различни средини.