Тешко повреден Моранте де ла Пуебла за време на борбата со бикови во Севиља

21.04.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Тешко повреден Моранте де ла Пуебла за време на борбата со бикови во Севиља

Несреќата се случила во текот на настапот кога тореадорот, според извештаите, ја изгубил рамнотежата, по што бил нападнат од бикот кој го прободел во пределот над задната ложа. Според наведените информации, животот на повредениот не е во опасност, но е итно пренесен во болница од страна на медицинските екипи присутни на настанот. Медицинските служби соопштија дека познатиот тореадор се здобил со рана од околу десет сантиметри, при што е зафатен и ректалниот ѕид, што укажува на сериозна повреда.

Шпанските медиуми, според податоците од организаторите и здравствените служби, наведуваат дека во последните осум години се регистрирани повеќе од 1.200 повредени тореадори, од вкупно околу 13.500 утврдени случаи поврзани со коридата - што претставува приближно девет отсто повреденост. Најчестите повреди според докторите, се во пределот на бутовите и препоните.

Исто така, се проценува дека околу 35.000 бикови годишно го губат животот на шпанските арени, имајќи предвид дека традиционалната корида речиси без исклучок завршува со смрт на животното. Во последните децении се забележува значителен пад на интересот за борбите со бикови.

Посетеноста е намалена за околу 75 отсто во последните 25 години, а само околу два отсто од Шпанците редовно присуствуваат на овие настани. Истовремено, истражувањата покажуваат дека околу 77 отсто од населението е против ваквата традиција. 

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата