Терапевт: Ако не сакате возрасните деца да ве избегнуваат, престанете со овие навики

8.07.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Терапевт: Ако не сакате возрасните деца да ве избегнуваат, престанете со овие навики

Наместо секојдневна блискост и доверба, се почесто доаѓа до тишина, недоразбирање или дури и целосен прекин во комуникацијата. Иако намерите на родителите често се добри, начинот на кој тие пристапуваат кон разговорот може дополнително да го продлабочи јазот. Наместо да го барате виновникот, покорисно е да се запрашате: што во моето однесување можеби несвесно придонесува до ова отуѓување - и што можам да променам?

„Многу родители кои ми се обраќаат за помош ја чувствуваат болката од губењето на блискоста со своите возрасни деца. Тие веруваат дека дејствувале со љубов и грижа, но сè почесто наидуваат на тишина или напнатост. Наместо да се поврзат со своите деца, преку своите пораки и коментари предизвикуваат повлекување“, вели терапевтот и психолог Џефри Бернштајн.

Кога родителите ќе успеат да го прилагодат својот начин на комуникација - со помалку емоционална реактивност и повеќе слушање – тие ќе ги забележат првите знаци на повторно поврзување. Но, ова бара храброст, искреност и подготвеност да се види и сопственото учество во проблемот.

Значи, според Бернштајн, ова се најчестите причини зошто децата го прекинуваат контактот и ги избегнуваат своите родители.

1. Претерани емоционални реакции

„Кога реагирате со премногу емоции - со повишен тон, обвинувања или повредување – возрасното дете може да се чувствува под притисок, виновно или осудено, дури и ако тоа не била намерата. Наместо да се обратат кај својот родител, тие често се повлекуваат и се затвораат уште повеќе. Наместо да кажете: „Не гледаш ли што сè сум направил за тебе?“, покорисно е да застанете и да прашате: „Како можам подобро да разберам што функционира помеѓу нас, а што не?“, објаснува Бернштајн за Psychology Today.

2. Наметнување на сопствените вредности

Родителите честопати имаат силна желба да го водат своето дете по „вистинскиот пат“, но ако го сторат тоа преку критики, морализирање или совети без прашања, возрасните деца ќе почувствуваат дека се оспорува нивното право на извор.

Терапевтот истакнува дека речениците како: „Навистина мислиш да останеш цел живот во оваа работа?“, го затвораат просторот за разговор. Наместо тоа, родителот може да каже: „Ако некогаш сакаш да разговараме за работата и твоите избори, овде сум да те поддржам“.

3. Забораваат дека тие се своја личност

Родителите честопати сакаат да ги заштитат своите деца, но кога се обидуваат да донесат одлука наместо нив или не го одобруваат нивниот избор, пораката што децата ја добиваат е: „Не ти верувам дека знаеш што е најдобро за тебе“. Наместо тоа, корисно е да се пристапи со искрен интерес: „Ме интересира, зошто те привлече токму тој град - би сакал/а да разберам“.

„Ова покажува почит кон нивната независност, а не отфрлањето на нивните одлуки. Односите помеѓу родителите и нивните возрасни деца често се менуваат со текот на времето, а блискоста може да се замени со тишина и емоционална дистанца. Многу родители потоа бараат начин повторно да се поврзат, честопати не знаејќи дека тие несвесно придонесуваат до тој јаз. Со промена на нивниот пристап и намалување на емоционалната реактивност, можно е односот повторно да се изгради“, заклучува Бернштајн.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата