Татко од пеколот: Маж од Флорида фрлил осум месечно бебе на улица и намерно го прегазил (ВИДЕО)

27.01.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Татко од пеколот: Маж од Флорида фрлил осум месечно бебе на улица и намерно го прегазил (ВИДЕО)

Мажот продолжил да вози, но полицијата брзо го пронашла и го уапсила. Брзата помош го пренела бебето во болница, каде лекарите констатирале смрт на детето. Сега, 20-годишниот Џастин Голден се соочува со обвиненија за тешко убиство од небрежност и убиство со возило, пишува Law&Crime.

Инцидентот се случил околу 11 часот во саботата на аголот на авенијата Ленокс и Мекдаф. Локалната ТВ станица WJXT разговарала со сведок кој ја опишал сцената како хаотична. Маркин Барнс изјави за ТВ станицата дека бил во својата берберница кога слушнал жена како вреска. Истрчал надвор и наишол на ужасна глетка.

„Детето крвареше“, рече тој. „Веднаш прашавме дали ѝ треба помош. Како татко, рече, му било тешко да го види тоа.“

„Молитвите и мислите се со семејството“, рече Барнс. „Тешко е, знаете, справувањето со деца и ситуации како оваа, ова дефинитивно ќе биде трауматично“.

Според WJXT, Голден се скарал со својата партнерка во автомобилот. Во возилото имало и бебе. Во еден момент застанал на една раскрсница, го исфрлил бебето надвор, а потоа со автомобилот го удрил детето.

„Ние, заедно со нашите партнери во Државното обвинителство, ќе направиме сѐ што можеме за да обезбедиме правда за бебето“, соопшти канцеларијата на шерифот.

Голден се наоѓа во окружниот затвор Дувал без можност за кауција. Не е јасно дали ангажирал адвокат.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата