Демос, која исто така го користи уметничкото име Дахуа Блендинг, тврди дека инцидентот се случил претходно овој месец во Детроит кога нарачала возење преку апликацијата Lyft. Кога стигнал возачот, веднаш ги заклучил вратите од автомобилот, тврди раперката.
„Можам да се сместам во овој автомобил“, се слуша како вели раперката во видеото кое го објави на социјалните мрежи пред неколку дена. „Верувај ми, не можеш“, одговорил возачот, кој се претставил како Ибрахим, додавајќи дека „нема доволно место позади“ и дека „гумите не би можеле да издржат толкава тежина“.
И покрај неговото извинување, возачот останал на својата одлука и го откажал возењето, сугерирајќи ѝ да нарача поголемо возило од категоријата XL на Lyft. „Јас сум бил во ваква ситуација и порано“, рекол возачот, на што Демос одговорила: „Дали тоа значи дека го одбиваш секој поголем човек затоа што не може да се смести во твојот автомобил?“
Денк Демос, која вели дека тежи 222 килограми, поднесе официјална тужба против Лифт оваа недела.
Портпаролот на Lyft изјави за The New York Post дека компанијата не може да коментира за случаи кои се предмет на правна постапка, но нагласи дека Lyft осудува каква било форма на дискриминација.
„Ние веруваме во заедница каде што секој се третира со еднаква почит и љубезност. Нашите упатства и услови за користење на заедницата конкретно забрануваат вознемирување или дискриминација“, изјави нивниот портпарол.
Инцидентот предизвика поделени реакции на социјалните мрежи. Додека некои ја поддржуваат Демос и нејзината борба против дискриминација, други веруваат дека физичките ограничувања на возилото се легитимна причина за одбивање да ја возат.