- Од страна на ловно друштво „Вардар“ Неготино беше пријавена срна што била удрена на пат. Јас имам заградено два декара багрем. Срната беше со скршена плешка и посветив внимание, се грижев за неа, ја хранев околу два месеца. Плешката и заздрави со тек на времето и денес од страна на ловното друштво „Вардар“ Неготино беше земена и вратена во природа, рече за МИА, Стојан Ристов (ѕуфе) од селото Тремник.