Среде пустина се продава „невидлива куќа“- има 510 квадрати и огромен базен (ВИДЕО)

14.08.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Среде пустина се продава „невидлива куќа“- има 510 квадрати и огромен базен (ВИДЕО)

Тоа е минималистичка, правоаголна структура, чиј огледален надворешен изглед создава илузија на исчезнување во пустинскиот пејзаж на Националниот парк Џошуа Три.

Врвни материјали и дизајн

Куќата е дизајнирана од филмскиот продуцент Крис Хенли и архитектот Томас Осински. Се протега на околу 510 квадратни метри внатрешен простор, поделен на четири спални соби и три бањи.

Внатре, има и 30-метарски загреан базен, кој доминира во дневната соба, објавува 24sata.

Надворешноста е дизајнирана речиси целосно да се вклопи со природата, а во овој луксуз, гостите ги пречекуваат врвни материјали и дизајн. Куќата е опремена со кујна за професионални готвачи, елегантни елементи за бања, мермерни плочи и контролирано LED осветлување.

Цена, вистинска ситница...

Таканаречената Невидлива куќа може да се изнајми за околу 95.000 долари месечно, а достапни се и ноќевања, со цени кои се движат од 2.000 до 7.000 долари (во зависност од сезоната).

Луксузната вила се нуди и на продажба за 17,95 милиони долари.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата