Бројни граѓани решија да ја овековечат необичната глетка и го „уловија“ моментот кога невнимателен возач за малку ќе настрадаше.
Останува нејасно како не ја забележал бездната пред себе, а за среќа само налетал со предното лево тркало.
Случајни минувачи дошле да му помогнат и тој излегол од возилото низ совозачката врата.
На видеото се слушаат загрижени луѓе кои викаат: „Излези од другата страна“.
Локалните медиуми јавија дека тлото се срушило над канализациониот систем, и дека е започната санација.