Скулптура на Џакомети проценета на 70 милиони долари

23.04.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Скулптура на Џакомети проценета на 70 милиони долари

Скулптура на швајцарскиот уметник Алберто Џакомети (1901 - 1966) би можела да достигне цена од повеќе од 70 милиони американски долари (околу 61,5 милиони евра) на претстојното наддавање во Њујорк, соопшти вчера аукциската куќа „Сотби'с“.

Уметничкото дело „Голема тенка глава“ (Grande tête mince), создадено во 1955 година, според аукционерите, го прикажува братот на Џакомети - Диего.

Како дел од традиционалните пролетни аукции во Њујорк, бронзената скулптура треба да се најде на аукција на 13 мај. Во 2015 година, „Човекот со прстот“ (L'Homme au doigt) на Џакомети стана најскапата скулптура некогаш продадена на наддавање дотогаш, со цена од околу 141 милион долари (124 милиони евра). 

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата