Скандал на свадба: Младоженецот ја фрли тортата, невестата си замина пред шокираните гости (ВИДЕО)

27.01.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Скандал на свадба: Младоженецот ја фрли тортата, невестата си замина пред шокираните гости (ВИДЕО)

Главниот лик на овој настан е невестата која не се двоумеше да го зачува своето достоинство, дури и кога светот ја гледаше, објави Телеграф.

Додека се снимаа обичните, но свечени моменти - невестата и младоженецот стоеја покрај тортата, насмеани, подготвени да ги фатат моментите што треба да бидат симбол на радост и заедништво. Наместо тоа, се случи нешто што го промени тонот на целиот ден. Младоженецот, во несоодветен момент на шега, го пикна прстот во тортата и го излижа.

На прв поглед, чинот може да изгледа безопасен, дури и смешен во некој контекст, но реакцијата на невестата јасно покажа дека хуморот не го оправдува непочитувањето. Кога таа му рекла да не го прави тоа, наместо да се смири, тој ја изгубил контролата и ја турна тортата од масата.

Во тој момент, невестата покажа храброст. Таа не врескаше, не се обидуваше да го смири или да го оправда неговото однесување. Се сврте и едноставно си замина.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата