Сите се чудат колку ви наплатиле за две кафиња, две води и три сока во Хрватска - нереални цени

17.06.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Сите се чудат колку ви наплатиле за две кафиња, две води и три сока во Хрватска - нереални цени

Странските медиуми речиси секојдневно објавуваат статии во кои Хрватска се опишува како една од најскапите дестинации на Јадранот, а бројни туристи ги споделуваат своите искуства на социјалните мрежи за превисоки сметки во рестораните, скап сместувач и генерално недостапни цени за просечниот патник.

Таквите коментари често се безмилосни, а многумина се прашуваат дали Хрватска станала дестинација резервирана само за оние со „дебел паричник“. Се поставува прашањето дали растот на цените ќе влијае на бројот на туристи и на нивната подготвеност повторно да ја изберат хрватската обала, или сè поголемите трошоци ќе ги одбијат традиционалните гости и ќе ги натераат да побараат поевтини алтернативи во соседните земји.

Тоа е ставот на еден Хрват кој на Редит објавил фотографија од сметка од кафеана во Опатија. Тој е згрозен од цените, но и други корисници коментирале и откриле во што е „финтата“.

– Дали ова е нормално? – прашува еден Хрват покрај сметката од 42 евра за два макијата, три цедени портокалови сока и две води.

– Гледам дека на Редит се поставува прашање за сок од 4,5 евра. Што мислите за ова? – додал авторот на објавата. Според сметката, еден макијато чини шест евра, сок од портокал седум евра, а негазирана вода 4,5 евра.

Бројни Хрвати коментирале, а многумина истакнале дека станува збор за скап хотел во Опатија, поради што цените се високи.

– Седнуваш на кафе во луксузен хотел во центарот на Опатија, не ја гледаш цената (која е достапна и онлајн), и потоа се жалиш на Редит. Тие живеат од наивни луѓе како тебе – напишал еден Хрват.

Друг додал дека за хотел со пет ѕвезди, каде што ноќевање чини 300 евра по лице, ова се сосема нормални цени.

Луѓето советуваат секогаш да се проверуваат цените.

– Јас секогаш проверувам цени. Кога ќе видам нешто вакво, не нарачувам, само си одам! Секој што нарачува и плаќа е будала – напишал еден корисник на Редит.

Друг додал дека никогаш не би нарачал нешто ако претходно не ја видел цената, пишува Блиц Бизнис.

Повеќето корисници се согласуваат, а еден од нив порача дека локацијата ја диктира цената:

– Нивно е апсолутно право да постават каква било цена. Исто како што е апсолутно право на гостите да избегнуваат такви кафулиња. Проблемот е што гостите не го користат тоа право, туку се однесуваат како да имаат законска обврска да седат во најскапиот кафе-бар, со што гарантираат дека цената ќе остане иста или ќе порасне – прокоментирал еден Хрват.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата