Можеби звучи како бизарна шега, но Кол изгледаше сериозен, а покажа и како ги сече ноктите, што предизвика дополнителен шок кај гледачите.
„Теглата е веќе полна...“
Имено, младиот човек не ги сече со грицкалка или ножички - како што би очекувале, туку ги гризе со забите, а потоа ги става во стаклената тегла.
„Ме прашуваат зошто го правам тоа, а одговорот е едноставен. Погледнете, секој нокт е целосно чист и бел, ниту еден нема нечистотија. Јас сум прилично уреден, а теглата е веќе полна, па наскоро ќе морам да купам поголема“, објасни тој.
@cole.hersch My fingernail journey!
♬ Love You So - The King Khan & BBQ Show
Најчесто поставувано прашање
Видеото „собра“ повеќе од четири милиони прегледи и предизвика лавина од коментари од корисници од целиот свет.
Многумина се згрозени од „хобито“ на овој тиктокер, а има и такви кои се грижат за неговото здравје. Тие му нудат совети за хигиена и го предупредуваат за ризиците од гризење нокти.
Сепак, најчесто поставуваното прашање е - зошто барем не користи ножички за нокти?