Vreme.mk - Дознај на Време.

Живот

Шкотланѓанец освоил џекпот и потрошил 45 милиони евра, си правел и луксузни погребни забави

24 јануари 2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Колин починал во 2019 година и во тие осум години, како што пишува The Sun, добро ги искористил своите пари. Купувал луксузни автомобили, пумпал пари во неговиот омилен фудбалски клуб и имал удел во Грегс и Ирн-Бру.

Во своето портфолио имал акции вредни 12 милиони фунти, а помал дел инвестирал во француската мултинационална компанија Moët Hennessy Louis Vuitton, како и во синџирот продавници Теско. Своето огромно богатство го поделил со семејството, сопругата Кристин и децата Карли и Џејми, а дел донирал во хуманитарни цели.

Вир починал од сепса на 71-годишна возраст, а во тоа време поседувал накит и уметнички дела во вредност од дури 240 илјади евра. Имал импресивна колекција на автомобили, меѓу кои и Мерцедес бенц V класа вреден 40.000 евра.

Тој бил страствен обожавател на коњски трки и поседувал три чистокрвни коњи. Имал и имот вреден четири милиони евра во даночниот рај на Островот, како и удел од 450 илјади евра во Enterprise Investment Schemes и максимални 56 илјади евра вложени во обврзници за национални заштеди и инвестициска премија.

За жал, Вир се разделил од сопругата една година пред да почине, но ѝ ја оставил вилата во која живееле вредна четири милиони евра и си купил стан вреден 1,2 милиони евра.

Тој бил дарежлив и по неговата смрт. Кога дознал дека ќе умре, однапред организирал погребни свечености и на нив потрошил повеќе од милион евра. На свеченостите биле послужени јастози, шампањ од 385 евра и деликатеси како супа од тартуфи вредна повеќе од 45 евра по чинија.

По неговата смрт, фудбалскиот клуб Патрик Тистл преименувал дел од трибината во негова чест, а огромен број навивачи на клубот дошле на неговиот погреб и му оддале почит.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ