Се залетал да ограби погрешна жена, страшно се покајал (ВИДЕО)

16.09.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Се залетал да ограби погрешна жена, страшно се покајал (ВИДЕО)

Видеото од инцидентот се појави на интернет и брзо стана вирално, на кое се гледа како храбрата 25-годишна девојка го зграпчува зашеметениот крадец.

Крадецот немаше шанси

Додека Сол плаќаше за појадок на касата, непознат маж ѝ се приближи одзади и се обиде да ѝ ја грабне чантата. Сепак, пред да ја ограби, не сметаше на нејзините брзи рефлекси и набрзо се покајал!

„Почувствував како некој ми ја влече чантата и помислив: „Нема да ја земеш“. Го зграпчив човекот, го соборив на подот и го шутирав додека не почна да крвари“, рекла таа.

На видеото се гледа како таа користи движење кое вообичаено го користат мајсторите на џиу-џицу. Го обвила крадецот со нозете и го држела таму додека вработените не повикале полиција.

Сведоци велат дека сторителот се обидел да се ослободи, но девојката целосно го контролирала, објавува „Индијан експрес“.

„Напорно работам за моите пари“

„Нека заврши, крадецот е безвреден“, напиша еден корисник, додека друг додаде: „Брзи рефлекси и вештина употребени на правилен начин“.

Полицијата го уапси сторителот, кој претрпе повреди на лицето. Девојката рекла дека имала околу 100.000 колони (повеќе од 9.000 денари) во чантата.

„Напорно работам за моите пари и нема да дозволам никој да ми ги земе“, додаде таа.

Интересно е што Сол никогаш не била на формална обука за боречки вештини.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата